Еден од најновите трагични настани во нашава сирота Македонија беше случајот со киднапирање на две малолетни девојки на возраст од 16 и 17 години кои фатиле такси за да пристигнат дома. Но, во денешно време не можеш на комшијата да му веруваш, а не пак на таксист, па така завршиле во рацете на група макроа во Скопје, на кои лидер им бил, кој друг, ако не ПОЛИЦАЕЦ.
Така, наместо помошта која чичко полицаец е должен да им ја пружи и по службена а и по човечка должност, тој заработувал продавајќи ги телата на девојкиte за цена од 2000 до 8000 денари, кои потоа ги делел со другарчињата. Мора да бил крајно изреволтиран од ниската плата која не му е доволна ни за задоволување на основните, а не пак за малку “поекстремните” потреби. А за работите да бидат поинтересни, чичко полицаец заедно со својата банда им барале откуп на родителите на девојчињата и тоа ни повеќе ни помалку, туку 20.000 денари. Или биле во длабоки долгови или пак дупката за пари им е без дно, впрочем како и нивната душа. И така, по неколкудневната тортура врз девојките конечно се нашол некој на малку повисоко ниво на свест(велам на МАЛКУ повисоко ниво, бидејќи ипак тој требал да ги добие нивните услуги), меѓутоа кога ја дознал вистинската возраст на девојките, сфатил дека тоа не е во ред (а замислете да не сфател) и им понудил помош на тој начин што им го дал неговиот мобилен телефон да се јават кај своите родители. Така, скоро цела банда била фатена, освен 1 член.
Па бог да чува, уште која опција ни преостанува??? Или излегување ама само под придружба и обезбедување како она на претседателот или заклучување дома и откажување од социјалниот живот… и што е најтрагично и најжално па и да ти затреба помош за било што, да ти е “шубе” и во полиција да се јавиш!!! Кој знае каков чичко полицаец ќе ти се понуди за помош…и наместо родителите да се “крстат” во единственото нешто во кое можат да најдат барем грам надеж дека ќе им ги спаси децата од неволја, тие треба и од тоа да ги штитат!
Ништо…само вграден GPRS во мозокот на секое дете му е мајката!
И сега повторно прашањето: смртна казна ДА или НЕ?!…а пред да одговорите помислете малку на своите деца и блиски…
Дома